Уништување на податоци

Трајно бришење на податоци од рутери (Routers), Back Up ленти, хард дискови (Hard Drive) IDE, SATA, SCSI и SAS, без можност за било какво враќање, со доверливост на Вашите податоци на највисоко можно ниво.

По извршено преземање од страна на лиценцирани транспортни компании и потврда од клиентот сите податоци трајно се бришат.

Се работи по следниве стандарди: NIST 800-88 Purge Secure Erase, IST 800-88 Purge,US DoD 5220.22-M, US DoD 5200.22-M (ECE), US DoD 5200.28-STD, NATO Standard, B. Schneier's Algorithm.

Нашите решенија за бришење податоци се тестирани, сертифицирани и одобрени од меѓународни тела за да се осигураат нашите клиенти дека се усогласени со највредните и најригорозните регулаторни стандарди.

По успешно извршена процедура и верификација на дисковите се издава сертификат за успешно уништување на податоците.



Физичко уништување на опрема

За поголема сигурност на уништување на податоците нудиме и физичко уништување на хард дискови (Hard Drive), рутери (Routers), Back Up ленти.

Се користи најдобрата достапна техника за рециклажа на сите типови на електронски и електричен отпад (ЕЕ отпад) и нивно одстранување, на сигурен, ефикасен и општествено одговорен начин.

При самиот тертман материјалите се делат на:

1.Рецикабилни (можат да се искористат со повторно враќање во процес на производство)
2.Нерецикабилни (не можат да се вратат во процес на производство и се користат за добивање на енергија- спалување или се ускладиштуваат на безбеден еколошки начин)
3.Опасен- хазардни (материјали кои се штетни за човекот и неговото опкружување)
4.Неопасни (материјали кои не се штетни за човекот и неговото опкружување)


Download our company presentation here