ШТО Е РЕЦИКЛАЖА

image

Процесот на рециклажа подразбира: собирање, издвојување, преработка и изработка на нови производи. Отпадот не е доволно само да се намали и да се избегнува. Потребно е да се разделува на местото на настанување према типови на отпад, бидејќи само одвоено собран отпад може да се искористи.

Рециклажа е збир на активности со кои се обезбедува повторно искористување на отпадните материјали.

Рециклажа се применува во склад со 3 основни принципи – Три букви Р (RRR)

R - reduce – намалување
R - reuse – поново користење
R – recycle – рециклирање

Без разлика што милиони тони на драгоцени метали лежат во фиоките на бироата апсолутно бескорисно, сепак рециклажа на електронскиот и електричен отпад доведува до проблеми на токсични и загадувачки супстанци кои настануваат во процесот на рециклажа.

Повеќе од 38 различни хемиски елементи можат да се појават како производи во процесот на рециклирање на ЕЕ отпад, од кои неки се со висок степен на загадување на животната средина и тие мора да се третираат во посебни постројки до нивното уништување, што претставува скап технолошки процес.

Денеска дејноста за рециклажа на ЕЕ отпад во сите области на развиениот свет е многу распространет и брзо се развива. Електронски системи за преработка на ЕЕ отпад созрееа во последните години што уследи по зголемување на регулаторна, јавна и комерцијална иницијатива во сооднос на порастот на преприемнички интереси. Дел од оваа еволуција ја предизвика развојниот процес на електронски и електричен отпад од енергетски интензивни процеси, за разлика од конвенционална рециклажа, каде опремата се базираше на форми на сурови материјали. Ова се постигнува по пат на диверзија и повторна регенерација на различни хемиски и физички процеси.

Аудиовидео компоненти, телевизори, видео рекордери, стерео опрема, мобилни телефони, други рачни уреди и сметководствени компоненти содржат вредни елементи и супстанци погодни за регенерирање, вклучувајки олово, бакар и сребро….

СО РЕЦИКЛАЖАТА СЕ ПОСТИГНУВААТ СЛЕДНИТЕ ЦЕЛИ

1. Штедење на сировински ресурси (Сите материјали потекнуваат од природата и се во ограничени количини)
2. Заштеда на енергија (Нема потрошувачка во примарните процеси, нити во транспортот кои ги прати тие процеси, а се добива дополнителна енергија со согорување на материјали кои не се рециклираат)
3. Заштита на животна средина (Отпадните материјали го деградираат животниот амбиент, па со рециклажа ја зачувуваме животната средина)
4. Отварање на нови работни места (процес нарециклажа на материјали подразбира вложување на знаење и работа, што отвара потреба за нови работни места)

РЕЦИКЛИРАЧКИ МАТЕРИЈАЛИ

Во погледот на можностите за повторно користење, материјалите можат да бидат:

1. Рецикабилни (можат да се искористат со повторно враќање во процес на производство)
2. Нерецикабилни (не можат да се вратат во процес на производство и се користат за добивање на енергија- спалување или се ускладиштуваат на безбеден еколошки начин)
3. Опасен- хазардни (материјали кои се штетни за човекот и неговото опкружување)
4. Неопасни (материјали кои не се штетни за човекот и неговото опкружување).
Во нашата околина секојдневно настануваат големи количини на отпад кои можат да се рециклираат.


Download our company presentation here