Нептун рециклажа

image

Како претпријатие сме целосно посветени да се развиваме и да растеме на амбициозен и одржлив начин. Но ние никогаш не ги забораваме нашите луѓе, животната средина и општеството каде што припаѓаме и се стремиме да останеме општествено одговорна и етична компанија. Се стремиме активностите и работењето на претпијатието да имаат позитивно влијание на купувачите, партнерите, вработените и нивните семејства, па и на целото општество. Ние охрабруваме и препознаваме континуирано подобрување, иновации во секој сегмент, прагматично размислување и дејствување.

Во тој дух е и акцијата „Одговорни кон својата околина “ која ја спроведуваме заедно со претпријатието „ЕЕ Рециклажа“. Акцијата „Одговорни кон својата околина “ опфаќа бесплатно превземање на старите електрични уреди и апарати во сите продажни места на Нептун и нивно соодветно рециклирање. Секој месец, Нептун спроведува акција „Старо за ново“ со што купувачите се стекнуваат со можност да ако донесат стар апарат, производот што е нагласен во акцијата да го купат со пониска цена, и истовремено да се ослободат од стариот апарат на сигурен, ефикасен и општествено одговорен начин. Апаратите се рециклираат во фабрика која располага со најдобрата достапна технологија за рециклирање на електронски и електричен отпад, која работи според ЕУ-стандарди.

Со Вашето прифаќање на акцијата заеднички се стремиме кон подобар и одговорен однос кон нашата околина .

Со надеж за понатамошна соработка,
Ве поздравуваме,
Ваш Нептун


Download our company presentation here